Карактеристично за моделите на оваа листа е едноставниот дизајн со класична неутрална палета на бои и посмели најанси во мала количина.Од порталот Тheman.mk предлагаат неколку парчиња што ќе ви овозможат разновидни опции за експериментирање со вашите комбинации, а дел од нив може да се комбинираат и со пантолони и блејзер.
Adidas Samba
Креирани пред повеќе од шеесет години, тие беа направени како патики за фудбал, со гума на долниот дел за да се разликуваат од останатите модели на патики.
Адидас Самба имаат едноставен дизајн, а тенките линии ги прават совршени патики за речиси секоја прилика – комбиирани со фармерки и маица или пак со пантолони и блејзер.
Converse Jack Purcell
Пробајте пар од Purcell моделот и споредете го со класичните Chuck Taylors, за да се уверите во разликата.
Направени од кожа, белите Purcell се совршени летни патики, a затоа што се направени од кожа тие полесно се чистат, па неколку минутки лесно ќе можете да ги отстраните дамките и трагите од трева.
Puma Clyde/Suede
Puma Clyde/Suede беше прототип на Air Jordan, а оригинално беа наречени Clydes. Претпознатливи се по нивниот едноставен дизајн.
Направени се од антилоп и можете да ги најдите во нетрадиционални бои. Овај модел на Пума го отвара патот на секој модерен пар на патики кој што доаѓа по нив.
Air Jordan
Може да се напише цела статија за различните инкарнации на Jordan, нивните разлики и влијанието што го направиле на другите дизајни на патики ширум светот.
Сè што треба да направите е да отидете на Твитер кога се лансира нов модел на Jordan и да го видите разочарувањето на луѓето кои гледаат како тие се продаваат во неколку минути. Тие се класични патики со претпознатлива силуета која автоматски ви дава самодоверба штом ќе ги облечете.
Дефинитивно не се пар кои што можете да ги носите со формална облека, но со патики, маица и кожна јакна ќе изгледате совршено.
Vans Slip-Ons
Едноставноста е врвен израз за софистицираност. Удобни и едноставни, совршени се за летниот период или на одмор.
Одберете пар и ќе можете да го комбинирате апсолутно со сè, особено кога станува збор за кратки пантолони и поло кошула. А кога ќе се извалкаат, ставете ги во машина за перење и ќе бидат како нови.