Тед Вилијамс, човекот со неверојатен глас, кој живееше како бездомник, а беше откриен случајно, сега доби втора шанса. Додека гостувал на едно радио шоу, во кое му била пружена шанса да си ја раскаже приказната, пристигнале бројни понуди за работа и сместување…
{youtube}bGL6XFuHOug{/youtube}
Од понудите што ги добил добродушниот Тед, веројатно најинтересна е онаа од NBA тимот Кливленд Кавалирс, кои му понудиле работа и куќа. Заедно со таа понуда дошле и понуди од MTV и од некои познати серии; како и предлог да се натпреварува со својот глас во едно од талент шоуата во Америка.
Тед Вилијамс е скромен човек и вели дека би бил среќен и со некоја минимална плата. Нему му е доволно да има покрив над глава и да им покаже на сите дека успеал да се врати од дното. Најважно во мигов му е да ја види мајка си (која има 92 години) и која одамна не ја видел… Интервјуто со Тед е исполнето со позитивни пораки, мотивација и енергија. Се работи за човек кој научил да го цени животот.
Тед ја снима првата реклама
{youtube}9SH79uP8Hgg{/youtube}
Тед одново се обединува со мајка му
{youtube}1LVU0sbdSyY{/youtube}