Богат човек од Ванкувер се преправил и се претставил како Дедо Мраз на минувачите на улиците, давајќи им стотици долари за акт на добрина.
Анонимниот добротворец, опишан како бел маж во неговите 50-ти, се преправил себеси во бездомник, наградувајќи ги оние кои посегнале по своите новчаници за да му помогнат.
Јоги Омар е еден од случајните минувачи кои имале можност да го запознаат. Во обид да му помогне на бездомникот му понудил топол оброк или топла облека, но тој само одговорил „Извини,не“. Љубезноста на Омар го навела „бездомникот“ да ја објасни својата намера и кажал дека тој и неговата фамилија традиционално ја практикуваат оваа рандом љубезност за време на празниците и сакаат да ги наградат добрите дела. Доброто дело на Омар било наградено со плаќање на една месечна кирија од 469 долари за јануари. „Само ми даде пари“, има напишано Омар на својата Фејсбук страница, напишана неодамно по нивната средба.
Мистериозниот странец инсистирал да остане анонимен, но очигледно тој и фамилијата раздаваат пари неколку саати навечер во една недела, секоја година за празниците.
Сето тоа е доволно да донесе солзи на вашите очи. Како што Омар напишал по нивната средба: „Никогаш не знаете што ќе ви се случи во овој живот. Бидете љубезни едни кон други. Добра ноќ.“