Бездомник за четири недели научил да програмира

 

Програмерот Патрик Меконлог пред неколку седмици започнал интересен експеримент во обид да спаси еден бездомник  од улиците.

Секој ден кога одел на работа, овој дваесетгодишен програмер сретнувал еден бездомник, само неколку години постар од него на кој се гледало дека завршил на улиците поради несреќни настани, а има огромна желба да се извлече.

Тогаш дошол до идеја да му понуди две опции. Да дојде и да му донесе 100 долари, или пак, да му донесе три книги за програмирање и лаптоп на кој ќе може да вежба.

Бездомникот се вика Лео и прифатил да научи да програмира.

„Можев да земам 100 долари и да живеам од нив една седмица, но кога ми понуди компјутер и можност да направам нешто корисно за себе не можев да одбијам. Сигурно имам време да учам“, вели Лео, кој работел во осигурителна куќа, но добил отказ, па поради долгови се нашол на улица.

Меконлог објаснил дека нема никакви лоши намери, ниту сакал да се однесува како да гледа од високо, бидејќи низ животот се водел од изреката „ Дај му на човекот риба и ќе го нахраниш за еден ден, научи го како да лови и ќе го нахраниш за цел живот“.

Секој ден Патрик се среќавал со Лео и еден час  поминувал на основите на програмирање. Тој му обезбедил бежичен интернет, а батеријата на лап-топот ја полнел во блиските рестирани и хотели.

 

И двајцата веќе започнале да работат на своја апликација, но не сакаат да говорат за што се работи, бидејќи се уште е во фаза на развој. Се надеваат дека се ќе заврши наскоро, па ќе успеат да заинтересираат некоја голема компанија.

 

- Реклама -