Доналд Гулд е 51-годишен бездомник од Сарасота.
Откако беше објавено видео, на кое што тој свири на пијано, бројот на фанови со кои се стекна надмина еден милион.
Доналд живеел многу тежок живот. Имено, во 1998 година починала неговата сопруга и тој започнал да консумира дрога. Како последица на новиот порок, социјалните служби му го одзеле синот, а потоа Доналд ја загубил и куќата. Пред сета оваа неволја, тој бил музичар, кој ги немал дозавршено студиите, а сонувал да работи како професор во оваа дејност.
„Секој ден мислам на својот син. Тој сигурно веќе пораснал, а јас секојдневно сонувам дека еден ден ќе дојде и ќе ме пронајде.“ – раскажува човекот.
Момците кои го објавиле видеото на Доналд, одлучиле да создадат страница на Интернет, каде веќе се овозможени донации.
Се надеваме дека по интернет славата, животот на овој човек ќе се промени кон подобро.