Безбедност во сообраќајот

Автобус Понекогаш, автобусите и тркалата кои го започнале животот како пар, решаваат да тргнат по засебни патишта. Во таквите случаи, обично тркалото е тоа што демонстративно го напушта заедничкото живеалиште и заминува…

Понекогаш, автобусите и тркалата кои го започнале животот како пар,
решаваат да тргнат по засебни патишта. Во таквите случаи, обично
тркалото е тоа што демонстративно го напушта заедничкото живеалиште и
заминува…
Навидум обичен автобус....
Отпаѓањето на тркалото се случило кога автобусот бил полн со деца кои оделе на училиште. Сигурно нема да им веруваат зошто доцнат на првиот час.
Навидум обично тркало....
Благодарение на неодамна првиршените градежни работи на дел од улицата, брзината со која се движел автобусот при несреќниот случај била мала, па така не бил повреден никој, ни од патниците, ни од случајните минувачи.Нешто недостасува?
Подоцна, возачот направи обиди да го спречи фотографирањето на настанот, но… постојат упорни луѓе .Сите живи и здрави
Затоа, внимавајте во кои автобуси се качувате. Можеби некои од нив се наоѓаат во лоша врска со некое од тркалата.

- Реклама -