Microsoft ги поттикнува Windows корисниците да инсталираат парче бесплатен безбедносен софтвер по откритието на “zero-day” ранливост во Internet Explorer, која хакерите можат да ја искористат за преземање на вашиот компјутер.
Проблемот е присутен во 7, 8 и 9 верзиите на Internet Explorer и најверојатно е дело на доста способни автори бидејќи системот е доста комплициран. „Свесни сме за напади кои потенцијално би можеле да имаат влијание врз некои верзии на Internet Explorer“ изјавиле од Microsoft.
Како одговор на нападот компанијата создала бесплатен безбедносен софтвер (достапен тука) дизајниран за да ја зачува безбедноста на корисниците додека да биде создадено трајно решение.
Проблемот бил откриен од истражувачот Ерик Романг во петокот кога неговиот компјутер бил нападнат од овој софтвер, кој го доби името Poison Ivy. Хакери го користат софтверот за преземање на компјутерите и крадење на податоци. [Microsoft warns of new zero-day flaw targeting Internet Explorer]