Ендру Смот дефинитивно ја има најдобрата работа на светот! Тој е платен 93.000 долари годишно за да биде дел од најзабавните можни работи.
Имено, откако победи на натпреварувањето за Главен забавувач, тој стана клучен дел во промотивниот тим на Нов Јужен Велс, Австралија. Ендру, кој доаѓа од Калифорнија, треба да проба 802.000 моменти на чиста забава, по една, за секој квадратен километар на оваа држава која се наоѓа на источниот брег на Австралија.
Можеби ќе помислите дека полесно од ова нема, но, всушност, најтешкиот дел е да се направи агенда која ќе успее да го реализира предвидениот број на активности за само шест месеци, колку што всушност трае оваа промотивна авантура.
Во секој случај, ретко кој не би сакал да ја има оваа слатка мака.