Без комплекси: Вака изгледа Шерон Стоун без шминка

Познатата актерка Шерон Стоун (56) во петокот одлучила да се прошета во лежерен стил, без ни малку шминка, по купување накит во Беверли Хилс.

Актерската дива својата руса коса ја покрила со капа, а била облечена во кафеав џемпер, огормна јакна, фармерки и моторџиски чизми.

Оскаровката носела и голем дијамантски прстен кој го платила 100 долари.

Очигледно е дека не се грижи за папараците и озборувањата, па не ѝ е проблем да се прошета низ центарот во „домашно“ издание.

- Реклама -