Без јавување од Јанева, поткупот немало да биде успешен, му вели интуицијата на адвокатот Тортевски

 

Рекетот не би можел да биде изведен без аминот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, смета адвокатот Александар Тортевски во разговор со „Фокус“. Тој, повикувајќи се на својата (и адвокатска) интуиција, смета дека без јавување(то) од Јанева Боки 13 и Зоки Кичеец немало да можат да го спроведат „поткупот“, односно да ги наплатат парите.

„За мене тоа е поткуп, а не рекет. Боки не можел да го изврши земањето на парите без сигнал од Катица. Но истрагата треба да го покаже тоа, а истрагата треба да се води со ладна глава и трезвено, настрана притисоците од јавноста. Секое лицитирање од страна на јавноста сега е некоректен притисок кон обвинителите“, смета Тортевски.

Според него, одговорноста на плеќите на Јанева, како најодговорен функционер за гонење криминал, е отежнителна околност. Оттаму, недозволиви се било какви попусти за специјалната јавна обвинителка. Повеќе читајте ТУКА.

 

- Реклама -