Без измени, Кире Лазаров останува во составот

Вечерва (20:30 часот) Македонија против Чешка ќе настапи со непроменет состав на репрезентацијата. Тренерот Раул Гонзалес не го искористи правото на уште една замена, што значи дека меѓу ракометарите на располагање останува и Кире Лазаров.

Тоа не значи дека Кире сигурно ќе влезе во игра – дали ќе биде способен за да ѝ помогне на репрезентацијата веројатно нема да се знае сé до самиот натпревар, но доволно зборува дека шанси има.

Најважното од сé, тоа е уште една потврда дека повредата не е толку сериозна колку што сите стравувавме. Ако не денес против Чешка, би требало сигурно да настапи против Данска.

 

Со евентуална победа, Македонија ќе биде многу блиску до борба за петтата позиција на Европското првенство.

- Реклама -