Погледнете две супер идеи како од обична машка маица да направите фустан или туника што се врзува околу вратот. Не ви се потребни големи кројачки вештини, туку само ножици и малку слободно време.
Потребен материјал:
1 машка памучна маица и ножици
Постапка 1: На предната страна на маицата со креда исцртајте го новиот крој, истото направете го и на задната страна како што е прикажано на фотографијата. Исечете го вишокот со ножици и ќе добиете две ленти на предната страна и една на грбот кои е потребно да ги исечете на средина. Предните врзете ги во чвор, префрлете ги на грб и врзете ги со задните траки. И тоа е тоа. Имате нова туника.
Постапка 2: Со креда означете ги деловите што ќе ги исечете, линијата повлечете ја од долниот раб на ракавот до спротивниот дел на отворот за глава на маицата. Исечете го означениот дел, не фрлајте го туку исечете две ленти со иста должина. Едната провлечете ја низ исечениот нов раб на маицата на начин што претходно ќе направите дупки, а другата трака на средината на должината на маицата која ќе послужи за затегнување на струкот.