Една од најубавите холивудски актерки секако е Шарлиз Терон.
Витка и висока русокоса на секое појавување на црвениот тепих привлекува најмногу внимание, а кога оваа убавица своето совршено тело го украсува со костум за капење станува сцена на која и нема споредба.
Шарлиз Терон моментално времето го поминува на плажа во Мајами каде за потребите на една фото сесија носи неколку различни костуми за капење и позира на разни локации со различни изведби, како на даска за сурфање, или играње со топка како балерина.
За разлика од ангелите од Викторија Сикрет кои на песочните плажи прават голем број на снимања, појавата на оскаровката во мокра коса во заводлива поза навистина е претставува вистинска реткост.
Т.н. „паметен“ костум за капење кој ја истакнува линијата и структурата додатно го нагласува беспрекорното и совршено обликувано тело на високата и витка актерка кои сите ги остави без здив.