Ливерпул се соочува со големи предизвици оваа сезона. Актуелните шампиони се во сериозна криза, а вчера, на натпреварот против Лидс, останаа без победа во 96-та минута.
Натпреварот заврши со резултат 3:3, откако Ливерпул имаше водство од 2:0, но Лидс успеа да се врати во игра. Собослај зголеми на 2:3, а потоа Танака го шокираше составот на Ливерпул.
Кога веќе зборуваме за Доминик Собослај, пред две недели доживеа сличен шок во дресот на Унгарија, губејќи од Република Ирска. Ирците се изборија за бараж, додека Унгарија остана без пласман на Светското првенство.
„Не знам што се случи по 2:0. Мислевме дека натпреварот е завршен“, изјави унгарскиот фудбалер за „Скај Спортс“ и додаде:
„Пред натпреварот говоревме дека не смееме да го потценуваме противникот. Можеби по пеналот, моментумот премина на нивната страна, и еве, израмнија на 2:2. Се вративме, и тоа беше добра реакција од наша страна, но примањето на уште еден гол навистина е разочарувачко.“
Собослај не може да го идентификува проблемот, а дури и не сакаше да коментира за разговорите со своите соиграчи.
„Она што се случува во соблекувалната, останува таму и не е за јавноста. Мораме да најдеме излез од оваа ситуација, мораме да потражиме решение. Секој од нас треба да се запраша дали направил сè што може. Ако одговорот е позитивен, тогаш треба да продолжиме, моментумот ќе дојде. Минатата година бевме шампиони, а сега дури и не знам каде се на табелата. Секој тим во лигата е силен и секој сака да го победи шампионот, а тоа го знаевме пред почетокот на сезоната. Мора да најдеме начин да се справиме со ова, мораме да преземеме одговорност.“
Фото/ EPA




