Лесли Шук ќе ја сретнете на секој лет на F/A-18 Super Hornet фајтерот, уште од 1995-та наваму, кога F-18 влезе во употреба. А сепак, многу малку луѓе го знаат нејзиното име, што е и очекувано, со оглед на тоа што во таа група спаѓаат и самите тие пилоти на кои Шук им го има спасено животот. Од друга страна, секој од пилотите добро го познава нејзиниот глас. Русите го викаат „Рита“, Американците – „Бичинг Бети“ (некоја што кука, што се жали, што попува).
Воените, како и повеќето авиони, имаат претходно снимени аудио пораки и команди за во вонредни ситуации, кои постојат за да му го привлечат вниманието на пилотот кон некои аспекти од авионот, поитно отколку што можат трепкачките светла. Кога Боинг го дизајнираше F-18, многу од предупредувачките пораки поприми од неговиот предок – F-15, но беа потребни и повеќе од тоа. Лесли Шук тогаш беше медиа-продуцент за Боинг, повремено пополнувајќи го местото на аудио-инженер, каде што имаше задача да ги сними таквите аудио парчиња. Најмените гласовни актери не ги исполнувале нејзините критериуми – според неа, гласот требало да звучи итно, остро и наредливо. Во една прилика, додека му објаснувала на најмениот талент како треба да звучи, ја чул нејзиниот менаџер. Така, аудио-инженерката стана „Бичинг Бети“ – прекар што воените пилоти го користат за автоматизираниот глас на алармниот систем.
Пилотите можеби се шегуваат на нејзина сметка, но таа е газда во кокпитот и знаат дека ќе им ги спаси животите. „Кревај се, кревај се“ и „Ротирај надесно“ – не сакате да ги слушнете, бидејќи тоа значи дека сте на пат да направите фатална грешка.
„Го слушаш овој глас секој ден како ти кажува дали сé е ок или треба да преземеш некаква акција“, вели операторот на системот за оружје во Боинг. „Почнуваш да му веруваш на човекот зад гласот. Ако гласот ти рече да се исправиш на нозе, сите до еден би се исправиле на нозе“.
20 години подоцна, Лесли Шук оди во пензија, а Боинг ја однесе во еден од хангарите на американското воздухопловство за да се збогува со „девојките“ (како што ги нарекуваат авионите во војничкиот сленг) од кои беше и ќе биде дел уште многу години.
Еве малку и од руската „Рита“: