Бестселерот „Во канџите на неверството“ со нов предизвик за македонските јавни лица

„Дарко Илиевски, Пеце Суперхикс, Ана и Горан Пеперминт, како и ракометарите на РК Металург ќе ги откријат своите животни приказни и ќе потпишуват примероци од бестселерот во импровизираната Соба на неверствата во Скопје Сити Мол. ”

Книгата која ги урива сите рекорди во продажба во светот и е една од најкоментираните дела во литературните кругови, „Во канџите на неверстовото” го најавува новото дружење со фановите, кои дополнително ќе имаат можност да поразговараат на оваа табу тема со дел од популарните македонски пејачи, спортисти, уметници, актери. Почнувајќи од Четврток (08.05), па се до Недела (12.05), во холот на Скопје Сити Мол ќе биде креирана Собата на неверства – простор каде фановите на книгата ќе можат да купат книга со потпис од популарните гости, но и да поразговараат и разменат ставови околу оваа табу тема.

 Собата на неверства за Четврток (8ми мај), го најавува првиот бран славни личности кои ќе потпишуваат книги за купувачите, но и отворено ќе поразговараат за неверството и како истото се има испреплетено во нивните животи. Ана и Горан од бендот Пеперминт, Дарко Илиевски и Пеце од Суперхикс ќе бидат на присутни во Собата на неверство 17:00 до 18:00 часот. Петокот е резервиран за ракометарите на еден од претставниците кои оваа сезона не направија горди во ракометна Европа, тимот на Металург. Ќе биде навистина интересно да се слушне како познатите спортисти размислуваат на оваа тема. Воедно, и нивна задача ќе биде да потпишуваат примероци од бестселерот, кои ќе се продаваат на самиот штанд. Петочното дружење е истотака закажано за 17:00 до 18:00 часот.

канџи

 Програмата за деновите од викендот е чувана како изненадување кое ќе биде најавено во Петок. Издавачката куќа Култура,  која стои зад издавањето на ова феноменално дело кое го освои светот, најавува дека до Недела, љубителите на „Во канџите на неверството” но и сите оние искрени љубители на убаво пишаниот збор, ќе имаат можност да се дружат со уште многу познати личности од македонската естрада и јавен живот. Дополнително, Собата на неверства ќе открие многу тајни кои познатите вешто ги кријат од јавноста, сето тоа директно во разговор со посетителите.

Датум: 08.05.2014 – 12.05.2014

Време: 10:00 – 22:00 часот

Локација: Скопје Сити Мол( на влезот кај кафулето Тренд)

- Реклама -