Бестрашни истражувачи

истражувачиОвие храбри мажи и жени го направија светот помало место. Благодарение на нивниот труд, денес ние знаеме дека Земјата не е плоча, дека постои живот во морските длабочини и дека погледот од вселената е спектакуларен.

Леиф Ериксон

истражувачиПрвиот Европеец кој отишол во Северна Америка најверојатно бил исландскиот истражувач Леиф Ериксон. Во единаесетиот век, пловејќи низ Атлантикот тој го напуштил неговиот планиран курс, и пристигнал на место кое тој го нарекол Винланд. Иако никој со сигурност не знае каде точно се наоѓа Винланд, археолози имаат откриено викиншки рушевини во Њуфаундленд, Канада.

Сакаџувеја

истражувачиМериветер Луис и Вилијам Кларк се потпреле на навигационите способности на Сакаџувеја кога тргнале да истражуваат западно од Мисисипи. Носејќи го својот новороден син повеќе од 6000 километри, таа ги учела истражувачите како да подготвуваат растенија кои биле безбедни за јадење и како да прават облека и мокасини од кожа. За време на патешествието, таа го пронашла и својот брат, поглавар на племето Шошони, во 1805 година.

Кристофер Колумбо

истражувачиОвој син на италијански произведувач на волнени производи првпат запловил на 13 годишна возраст. Шпанското кралство ги финансирало неговите подоцнежни авантури во замена за ветувањето за нови земји, зачини, пари и луѓе кои би биле воведени во Христијанството. Неговата мала флота, Ниња, Пинта и Санта Марија, испловила во потрага по директна рута до истокот. Но, поради неговата погрешна проценка на обемот на Земјата тој во 1492 ги „открил“ Бахамите.

Америго Веспучи

истражувачиКолумбо го видел Новиот Свет, но континентот е именуван по Америго Веспучи кој бил првиот кој знаел во што гледа. Откако пловел крај брегот на Јужна Америка во 1502 година, тој сфатил дека континентот е всушност нова земја, а не Индија, како што се мислело пред тоа.

Џејмс Кук

истражувачиКапетанот Џејмс Кук пловел појужно од било кој друг истражувач пред него, и докажал дека „Северозападниот премин“ е фантазија. Кук бил строг за хигиената на неговиот брод, што придонело кон избегнување на болести. Со здрав екипаж тој го исцртал брегот на Австралија, како и голем дел од Пацификот. Хавајците го убиле Кук во 1779 година откако тој го киднапирал нивниот поглавар.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Вилијам Биб

истражувачиФасцинацијата на Биб со природниот свет придонело кон тоа тој да нурне во океанот во челична топка, наречена батисфера, во 1934 година. Додека бил под вода, со луѓето на површината бил поврзан само со гумено црево обложено со телефонски и електрични жици. На длабочина од 923 метри тој рекол дека светот изгледал чудно, како да бил на Марс.

Чак Јегер

истражувачиВо 1947 година, генералот Чарлс „Чак“ Јегер бил првиот човек кој го скршил звучниот ѕид. Тој го поправил сопствениот рекорд во 1952 година кога летал повеќе од два пати побрзо од брзината на звукот. Јегер го направил првиот чекор кон патување во вселената, и подоцна своето искуство го искористил во обучувањето на речиси половина од пилотите на вселенските програми Гемини, Меркур и Аполо.

Луиз Арнер Бојд

истражувачиЛуиз Арнер Бојд, која имала прекар „Жена од мраз“ поради нејзиното истражување во Гренланд. Покрај проучувањето на фјордови и глечери, таа открила и подводен планински масив во Северниот Леден Океан. Во 1955 година таа станала првата жена која пилотирала авион преку Северниот Пол.

Јури Гагарин

истражувачиПоради висината од само 157 сентиметри, космонаутот Јури Гагарин бил совршен за тесниот простор во Восток 1. Тој стана првиот човек кој ја напушти земјината атмосфера, поминувајќи 108 минути во орбита околу планетата. По овој краток излет тој се вратил безбедно на Земјата на 12 април 1961 година.

Ануше Ансари

истражувачиВо септември 2006 година, Ануше Ансари стана првата личност од иранско потекло која отишла во вселената, како и првата жена вселенски турист. За 20 милиони американски долари, таа тренирала 6 месеци и ги научила сите системи на ракетата и вселенската станица. Милиони луѓе го читале нејзиниот блог кој таа го пишувала во орбита.

- Реклама -