Беспрекорна елеганција уништена со еден детал

Парис Хилтон пристигна на аеродромот во Лос Анџелес во елегантно црно издание. Но, беспрекорниот стајлинг на славната богаташка го засени еден мал детал.

Наместо во црниот, елегантен комбинезон во кој се појави 32-годишната Парис, повеќето се заинтересираа и вниманието им го привлече нејзината фризура. Многумина забележаа дека и недостасува коса што, како што наведуваат американските таблоиди, е резултат на употребата на екстензии и фарби.

Untitled-8

Овие денови Парис е многу зафатена. Со раперот Лил Вејн ја сними песната „Good Times“, а за Божиќ најави објавување на нов албум.

ph

- Реклама -