Вистинското пријателство не познава никакви бариери ниту граници. Всушност, вистинскиот другар е секогаш тука и за тебе, и ова старо правило и тоа како го почитува оваа необична двојка на најдобри пријатели.
Тревел е стар лабрадор кој освен што е слеп е и речиси глув. Иако на почетокот бил исплашен да ја напушти познатата удобност на неговото легло (бидејќи бил злоупотребуван кога бил помлад), сепак, се се променило откако се спријателил со мачката Пудитат.
Колку и да звучи необично, двата миленици од ден во ден станувале се поблиски, па така, постепено, Тревис започнал да чувствува доволна доверба за да ги следи стапките на мачката. Пудитат со бавни чекори секојдневно го води на разни прошетки слепото куче, а како изгледа тоа можете да погледнете во видеото во продолжение.