Бесмртниот Христо Стоичков

stoickov

На денешен ден (8 Февруари 1966) роден е Христо Стоичков, еден од најдобрите играчи кои излегле од балканските простори. Прогласен  е за фудбалер на годината и освојувач е на златната копачка на светското првенство во Америка 1994-тата, кога со Бугарија го освојува 4-тото место.

Крилниот напаѓач од Бугарија, дојде во Барса откако дури 38 пати ги тресеше мрежите на противниците додека играше за ЦСКА Софија сезоната 89/90. Таа сезона беше прогласен за најдобар стрелец. Но, покрај тоа беше познат и по неговиот темперамент. Беше суспендиран 1985-тата по тепачката за време на Купот на Бугарија, па уште еднаш кога го нагази судијата со копачка.

Во 1990 доаѓа во Барселона, каде освојува 5 титули од кои 4 во серија, (91-94). 94-тата ја носи Бугарија на Светското во САД каде го освојуваат 4-тото место, а тој постигнува 6 гола. Во 1995 ја напушта Барса и оди во Парма каде игра една сезона, за повторно да и` се врати на Барса до 1998 година. Истата година заигрува за ЦСКА Софија, па за Ал Наср, Кашива Рејсол.

Во 2000 оди во САД каде игра за Чикаго Фајр, па за Ди СИ Јунајтед каде ја завршува својата кариера.

Како тоа го правеше Христо Стоичков?

- Реклама -