Погледнете како изгледа да се плива на работ – во еден од новотвoрените „бесконечни“ базени кој се наоѓа 55 ката над улиците на Сингапур.
Погледнете како изгледа да се плива на работ – во еден од новотвoрените „бесконечни“ базени кој се наоѓа 55 ката над улиците на Сингапур.
„Бесконечните“ базени се дизајнирани да изгледаат така како површината на водата да се протега во хоризонтот. Оптичката илузија ја создава работ на базенот кој обично е неколку сентиметри под нивото на водата, а таа тече преку него.
Базенот е со големина од 150 метри, три пати поголем од олимписки базен. Концептот за „бесконечни“ базени се вели дека е инспириран од терасестите оризови полиња во Бали. Тие често можат да се видат во луксузните одморалишта како што е ова на Marina Bay Sands во Сингапур.
Во склоп на огромниот туристички комплекс на Marina Bay Sands, покрај базенот кој е главна атракција, има 2,560 соби и резиденции, ланец од ресторани на познати готвачи, шопинг центар, театри, музеј, казино и кристален павиљон. Само влезот во казиното на комплексот е околу 60 евра, но тоа не е преголема цена за 25,000 луѓе кои секојдневно го посетуваат казиното од кога тоа беше отворено пред два месеци. Томас Араси кој го води хотелот вели дека очекува по 70,000 посетители на одморалиштето дневно, односно 18 милиони годишно.