Берзански шпекуланти ја уценуваат Tesla

Производството на електрични возила за оваа година, вклучувајки го планираното пазарно деби на Tesla Model 3, е доведено во прашање, истакнува The Times. Причината се група агресивни фондови, кои ставиле рака на еден од клучните материјали за производство на батерии.

Шест шпекулативни фондови, на чело со швајцарскиот Pala Investments и кинескиот Shanghai Chaos, успеале тивко да откупат над 6.000 тони кобалт. Тоа е еднакво на речиси една петтина од глобалното производство за минатата година. Тие  држат стока во моментов која се проценува на околу 280 милиони долари, па цената на кобалтот нагло се зголемува поради пазарниот недостиг.

Кобалтот, кој се добива најмногу од неколку големи рудници во Демократска Република Конго, е важна состојка во производството на батерии. Tesla на пример користи солидни количини за својата Гигафабрика за батерии, која ја создаде во партнерство со Panasonic.

Според прогнозите на консултантски компанија CRI побарувачката на кобалт оваа година ќе надмине понудата со близу 900 тони. Во следниот петгодишен план се очекува потрошувачката на металот да расте во просек за 20% годишно. Драстичното поскапување на кобалт ги поремети сметките на Илон Маск, кој најавуваше дури и намалување на цената на батериите, благодарение на огромните размери на производството во Гигафабриката, но не ги зема во предвид берзанските шпекулации.

Интервенцијата на средствата веќе се одразува на пазарот – цената на кобалт се зголеми за 50 отсто од ноември наваму и веќе е 21 долар за метричка фунта (0.453 кг). „Се појави голема побарувачка на кобалт“, коментира Ајвон Глазенберг од Glencore, која контролира околу една третина од пазарот на кобалт. Секој долар зголемување во цената и овозможува на компанијата 55 милиони долари дополнителни приходи.

Автоплус

- Реклама -