Ви ја најавуваме промоцијата на новиот албум ПОЛИТИКА од докажаниот македонски бенд Bernays Propaganda со два концерта во Младинскиот културен центар на 25. и 26. март.
Концертите ќе се одржат во киното Фросина, а се замислени како мешавина од пост-панк и театарски перформанс.
Билетите се по цена од 200 денари се пуштени во продажба и може да се набават само на билетарницата на МКЦ.
Новиот, четврти албум по ред на Bernays Propaganda ќе биде достапен на плоча, цд, касета но и за слободно симнување од интернет.
После скопската промоција, бендот заминува на голема европска турнеја.