Бермуда губи туристи од најглупата можна причина

По прв пат во изминативе години, Бермудските острови се соочуваат со сериозен пад на туризмот. А луѓето таму живеат баш од него.

Бермудите се група острови во Северноатлантскиот океан, познати како „рај на Земјата“ поради своите егзотични песочни плажи и тиркизно сината вода. А сепак, иако до вчера беа една од најпосакуваните дестинации, во последните неколку месеци се откажани над 3.000 туристички посети.

Почна со мала грешка, но сега станува сериозен проблем.

Имено, кога ураганот Ирма, следен од ураганот Хозе, ги погоди Карипските острови во септември, опустошени беа многу острови во архипелагот. Што имаат врска Бермудите со Карипските острови? Ништо. Бермудските се оддалечени околу 1.600 километри (означени на мапата со зелено), и во никој случај не беа меѓу погодените од споменатите два урагана.

Забуната се случи поради сличноста во името со островот Барбуда (означен на мапата со црвено) во Карибите. Ја помогнаа и неколку големи известувачки организации, кои и самите известуваа дека ураганите го погодиле Бермуда.

Во меѓувреме, официјалните лица од Бермудските острови направија сé што можеа да ја демантираат веста, што преку маркетингшките канали, што преку друштвените мрежи. Без многу успех, се чини.

- Реклама -