Доколку некогаш имате прилика да ја посетите Норвешка, никако не смеете да испуштите да го посетите Берген.
Самиот факт што овој град е опкружен со седум планини и седум фјордови, навестува вистинска бајковита идила. И навистина, освен фактот што е опкружен со нереално прекрасна природа која остава без здив, Берген се карактеризира и со уникатна, шарена, маркантна архитектура која со сигурност ќе ве плени.
На планините има повеќе од 10 жичари со кои можете да го видите градот од птичја перспектива. Само на минута возење од Берген ќе се најдете опкружени од прекрасната природа заградена со убавите фјордови. А кога еднаш ќе се најдете кај фјордовите, секако провозете се со брод низ Naeroyfjorden познат како најдраматичен и најубав фјорд на светот.
Освен тоа, Берген е еден од најтоплите градови во Норвешка, благодарение на течението на голфската струја.