Бербок: Земји во војна не можат да влезат во НАТО

„НАТО не може да разговара за нови членки кои би се приклучиле на алијансата а се во војна“, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Руската инвазија врз Украина „дополнително ја интензивираше соработката“ меѓу НАТО и Украина, рече Бербок, нагласувајќи дека Алијансата има политика на отворени врати за прием на нови членки.

Баербок истакна дека приемот на Финска од НАТО и влезот на Шведска во Алијансата, за кој рече дека се надева дека ќе се случи наскоро, го нагласуваат овој принцип.

„Во исто време, исто така е јасно дека среде војна не можеме да зборуваме за ново членство“, рече шефицата на германската дипломатија, осврнувајќи се на барањето на Украина за прием во Северноатлантската алијанса.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

МИА

- Реклама -