Бензинот и дизелот поскапуваат од полноќ

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ поскапуваат цените на бензинот и дизелот за половина до еден денар по литар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 52, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 40,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 65,50 денари.

За 0,508 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 26,795 денари.

- Реклама -