Производителот на луксузни автомобили Bentley и мајсторите на луксузни телефони Vertu, претставија нешто сосем ново од заедничкиот развој. Тоа е смарт телефон од последната генерација, кој се нуди по цена од 12.500 евра.
Телефонот располага со специјални апликации од Bentley, кои даваат информации за интересни места, дилерската мрежа и друго. Тој е наречен Vertu for Bentley, што веројатно значи дека е со подготвениот додаток за автомобилите на британската марка. Апаратот работи со оперативен систем Android 4.4 KitKat и има quad-core процесор Qualcomm Snapdragon 801 (2,3 GHz). Внатрешната меморија има 64 GB, а екранот е 4,7 инчен со резолуција 1080p и специјално обложен од сафир.
Димензиите на уредот се 145 mm во должина, 69 mm ширина и 10.65 mm дебелина. Тежината е 192g. Телефонот има две камери. Главната е со 13 МР, а задната – 2,1 МР.
Уште поважно, сепак, како кај секој телефон на Vertu, се употребените материјали. Модерниот Vertu for Bentley е обложен во висококвалитетна телешка кожа со типична за Bentley боја – Newmarket Tan, која е дополнета со стилски дијамантски рабови. Конструкцијата е титан, а во предниот дел на телефонот е поставено логото на Bentley. Новиот телефон на двете британски брендови веќе може да се купат во избраните бутици на Vertu. Цената е 12.500 евра, а бројките се ограничени на точно 2.000 парчиња.