Париз, 29 декември 2021 (МИА) – Три недели пред почетокот на Австралија Опен, францускиот тенисер Беноа Пер резигнирано објави на социјалните мрежи дека повторно е позитивен на коронавирус.
„Поздрав, моето име е Беноа Пер и позитивен сум на коронавирус по 250-ти пат! Не можам повеќе да се носам со овие Ковид г … ци“, објави 46-то рангираниот светски тенисер на својот Инстаграм профил.
„Не ми е ништо, малку ми тече носот, но поради карантинот во кој се наоѓам на другиот крај од светот, не сум баш психички најдобар. Минатата година беше лоша, а оваа тргна во иста насока“, напиша Пер, додавајќи оти е вакциниран со две дози и оти ја поддржува вакцинацијата.
Пер оваа година го пропушти настапот на Ју-Ес-Опен поради Ковид-19.