Бенфика ја совлада Ѕвезда во Белград, Баер протaтне низ Ротердам


Српскиот фудбалски шампион Црвена ѕвезда на домашен терен доживеа пораз од португалска Бенфика од 1:2 во средбата од првото коло на Лигата на шампионите.

Беградските „црвено-бели“ имаа максимална поддршка на средбата во својот стадион „Рајко Митиќ“, но португалскиот великан беше тој што ги освови трите бода. Гостите веќе по 29 минути игра водеа со 2:0, и тоа благодарение на погодоците на турските репрезентативци Актуркоглу и Кокчу кој погоди од слободен удар.

Домаќините се обидуваа да се вратат во игра, меѓутоа само дојдоа до почесен гол во 86 минута.

Германскиот првак Баер Леверкузен, пак, многу лесно од очекувањата го прегази Феенорд на негов терен во Ротердам. „Фармцавтите“ уште по првото полувреме дојдоа до предност од 4:0, резултат кој се покажа и како конечен на крајот.

Вирц даде два гола, погоди и Грималдо, а автогол си даде и голманот на холандскиот претставник.

- Реклама -