Бенефиции и ризици од сончањето

Повеќето луѓе сакаат да бидат надвор во лето, особено кога имаме прилика да отидеме некаде на одмор, подалеку од вообичаените рутини. Во овој период сончањето претставува главен начин за опуштање и релаксација. Сонцето е извор на здравје и енергија, но сите знаеме дека постојат и бројни здравствени недостатоци кои тоа ги носи со себе.

Расте бројот на статии и книги во кои стручните лица не предупредуваат да се пазиме од сонцето, бидејќи нашето невнимание би можело да не доведе до топлотен удар, сончаница, изгореници по телото и најстрашно – рак. Веројатно многумина од вас веќе почуствувале болка од вжарена изгорена кожа, бидејќи сте биле невнимателни. Сонцето е одговорно за 90% на предвремено стареење на кожата. Постојаната изложеност на сонце предизвикува промени на кожата како што се: чистење на епидермот, нарушена пигментација на кожата, брчки, флеки и голем број на други проблеми.

tanning

Ултравиолетовите зраци произведуваат реакции во сите нејзини слоеви. Тие пенетрираат во кожата секој пат кога сме надвор на сонце или се сончаме, а таа се брани со стимулирање на повеќе меланин, кој и дава потемен изглед наречен тен. Доколку оштетените клетки од УВ зраците на кожата не можат се поправат, постои опасност тие да станат канцерогени.

Но и не е се така црно кога станува збор за реакциите кои ни ги предизвикува сонцето. За разлика од денес, во античкото време, еден од главните начини за лекување претставувало сончањето. Првите слики со сончање се најдени во древна Грција, Египет, Вавилон итн. Овие народи дури и граделе таканаречени сончеви градини, а многу од нив со векови го сметале сонцето за Бог. Старите Римски гладијатори дури го практикувале сончањето како вежба бидејќи верувале дека со негова помош ќе се зајакнат нивните мускули.

tumblr_m5c7x5LI9f1r17oyso1_500

Докажано е дека сонцето предизвикува лачење на серонтин, односно хормон на среќата. Тоа значи дека сонцето го подобрува нашето расположение и помага при депресија. Освен што сонцето прави да се чувствуваме подобро, со исончан тен и изгледаме посјајно и поубаво. Луѓето кои практикуваат сончање покажуваат резултати на драстично намален крвен притисок, регулирање на шеќерот во крвта, намален холестерол и зголемени бели крвни клетки. Но веројатно најголемата предност која произлегува од сонцето е содавањето на витаминот “Д” или пак како што уште се нарекува и “сончев витамин”. Витаминот Д е особено важен за коските. Освен тоа, иако сонцето е главна причина за создавање на рак на кожата, истражувањата покажаа дека овој витамин е особено корисен поради неговата заштитна улога во голем број на внатрешни случаи на рак, како и неговата заштита од опасностите од други болести.

stock-footage-beautiful-young-woman-applying-protective-su

Затоа, за да можете безгрижно да уживате во последните летни жешки денови, ви даваме неколку совети со кои ќе се заштитите од потенцијалните опасности.

Избегнувајте да се сончате во ударните термини, кога е најтопло. Сончајте се умерено, 10-15 минути дневно и секогаш користете широк спектар на препарати за заштита од сонце со кои редовно ќе се премачкувате. Нема потреба да ги штедите, нанесувајте подебел слој и после секое капење повторувајте ја постапката. Побарајте широки очила кои штитат од двата вида на сончеви зраци (УВА и УВБ) и носете шапки за да го заштите лицето. Пијте многу вода, за рехидрација на телото.

- Реклама -