Бенедикт Камбербач напиша писмо до Дедо Мраз

Дедо Мраз е надежта за подобро утро, можноста да ги преиспитаме нашите желби и очекувања…

Секоја година во Лондон, во рамките на Letter Live, познати личности читаат писма пред публика. Бенедикт го напиша ова остроумно отворено писмо до Дедо Мраз.

Benedict_Santabatch

Драги Дедо Мраз,

моите пријатели ме натераа да ти пишам … Искрено, не знаев точно како да почнам, можеби затоа што како и повеќето возрасни, непријатно ми е да те молам за што и да било – сепак времето со тебе одамна помина. Веќе ние самите си ги купуваме подароците, самите ги контролираме судбините, превземаме одговорност за нашите постапки и живееме во свет кој самите го создадовме … Затоа не ни е целта да те молиме да ни помогнеш да најдеме решение за животната средина, кризата со бегалците и војните. Господ ни е сведок сепак дека ни е неопходна целата помош што можеме да ја добиеме во врска со овие проблеми створени од луѓето.

Секако, не е дека не си внимателен и исполнет со радост. Прекрасен си … иако си прогласен за незаконски роден, за да можеш да олицетворениш еден луд материјализам. Потеклото најверојатно ти се крие во некој пагански друидски риутал, оддалечен илјадници километри од посакуваната дестинација на лебдечки Скејтборди … Оние возрасни, кои на еден циничен начин го истакнуваат сето тоа, откако некогаш верувале во тебе, им го губат времето на сите, бидејќи ти не си за овие возрасни. Ти си за децата. Децата кои имаат потреба од малку магија во свет каде што границите помеѓу невиноста и одговорноста, меѓу игривата имагинација и студените пречки поставени од возрасните, постепено се намалуваат.

Токму затоа ти се обраќам тебе за помош. Подари им на децата повеќе време да бидат деца. Продолжи го моментот на оваа магија на оваа разиграност. Извади ги од реалноста на овој луд свет, за да можат да се смеат без здив, а да не се задават од солзи.
Сврти го вниманието особено кон оние кои се грижат за своите семејства, страдаат од некоја болест, доживува глад, живеат во сиромаштија. Особено на оние кои се кријат во згради, додека над главите им прелетуваат бомби, или треперат од страв и студ, сместени во чамец во обид да избегаат од некоја еколошка катастрофа или војна. Те молам помогни им световите да им бидат просветлени со радост и надеж.

Кога ќе подразмислам, оваа година воопшто не беше лесна за тебе, а ако се размислува навистина сериозно, ми се чини дека мојата желба да добијам ласерски меч (патем, никогаш не сум побарал такво нешто) не е пропорционална со контролирањето на времево – просторниот континуум и продолжувањето на детството.

Ти сепак шириш инспирација и чуда кај оние кои пишуваат писма до тебе и си легнуваат со надеж дека по изгрејсонцето ќе добијат подарок. Го инспирираш доброто однесување и барем колку што се сеќавам, ги стимулираш очајните обиди на луѓето да го излекуваат лошото однесување во последниот момент. Оддели миг од своето време и за оние милиони луѓе кои сакаат да ти напишат писмо, но не можат бидејќи се неписмени. Слушни ги нивните зборови и подари им ги можноста и времето да научат да пишуваат, за да можат да водат подобар живот и да избегаат од оваа беда.

Малку ми е жал за тебе. Претпоставувам го сторив токму она што реков дека нема да го направам … те замолив да помогнеш во решавањето на проблемите на возрасните, да ублажиш некои од нашите најголеми стравови поврзани со децата. Ветувам ќе ти оставам повеќе пита со мелено месо.

Со многу љубов,
Бенедикт.

PS Не го заборавај светлосниот меч.

- Реклама -