Белорусија одржува воени вежби во близина на границите со ЕУ и Украина

Белорусија денеска почна воени вежби во регионите што  граничат со Украина и две земји од Европската унија – Литванија и Полска, соопшти белоруското Министерство за одбрана, пренесоа британските медиуми.

Тридневните вежби во регионите Гомел и Гродно имаат за цел да ги обучат офицерите и војниците на територијалната одбрана како да ги заштитат соодветните региони и како да дејствуваат во случај на воведување воена состојба, прецизира Министерството во Телеграм.

Белорусија е најблискиот сојузник на Русија. Во текот на изминатите неколку години, односите на Минск со западните соседи и Украина сериозно се влошија, особено откако Москва ја искористи белоруската територија за својата инвазија, што ја почна на 24 февруари 2022 година.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна
- Реклама -