Иако живеат во карпести предели – најчесто каде што има пештери и далеку од цивилизацијата, овој мршојадец некако се најде во црква во Скопје.
Градежните работници успеале да спасат белоглав мршојадец од камбанаријата во црквата „Св. Константин и Елена“, пренесува Нова Македонија.
Птицата била задржана половина час, а потоа екипите на Македонското еколошко друштво, ја однеле на сигурно.