Белградските угостители можат да почнат, но не сите брзаат

Во изолација, заборавивме на некои од нашите нормални животни навики. Сè што честопати „земаме здраво за готово“ сега сфаќаме колку всушност го исполнува нашето време или претставува дел од нашиот идентитет. Бевме сведоци на отворање фризерските салони и спортските сали каде што граѓаните побрзаа за повторно да вдишат од нормален живот.

За утре во Србија е најавено отворањето на кафулињата, но, пишува Блиц, се чини дека никој сè уште не е сигурен.

Напролет, убавото време обично ги привлекува белградските жители на разговор и шолја добро кафе. Тоа е речиси бренд на Белград! Преполни беа градските плоштади со луѓе што се дружат и уживаат во храна и пијалок и живописно ги раскажуваат нивните авантури, мисли и чувства. А после оваа долга изолација, навистина, многу ни се собра за раскажување.

Сепак, судејќи според некои кафулиња во главниот град со кои контактирале, се чини дека граѓаните нема брзо да имаат можност да уживаат во „утринско кафе, токму таму на аголот“.

„Се уште не сме решиле дали да го отвориме кафулето на 4 мај. Не започнавме ниту со подготовките. Има многу тоа да се подготви и можеби не вреди човек да се занимава бизнис под овие мерки“, изјавиле за Блиц од едно кафуле во Белград.

Проблемите што генерално ги наведуваат кафулињата и рестораните се економски по природа. Полицискиот час сè уште не е укинат, а познато е дека најголемиот број од посетители на угостителските објекти доаѓаат баш во периодот кога трае забраната.

Новинарите на „Блиц“ го забележале сопственикот на едно кафиле во белградската општина Вождовац додека оставал поголема количина на средства за дезинфекција во својот локал.

„Набавивме средства за дезинфекција и сè што беше пропишано. Ги набавив за секој случај, но секако ќе ни требаат – сепак работиме со луѓе и храна. Но, сè уште нема да ги започнеме подготовките бидејќи не планирам да работам во понеделник. Премногу е рано, според мое мислење. Мислам дека луѓето сè уште се исплашени и не вреди за мене да работам по овие услови. Повеќето од моите гости доаѓаат по 18 часот, а тоа е токму кога ќе започне полицискиот час“, изјавил сопственикот.

Сепак, некои храбри угостители најавиле дека наскоро ќе ги примат белграѓаните. Можеби не баш понеделник, но следната недела.

Во земјава преговорите меѓу надлежните и угостителите почнаа, но не се откриваат детали дала и што е договорено. Не се знае датумот кога би се дозволило да се отворат локалите.

- Реклама -