Белгискиот велосипедски тим Sport Vlanderen не сака и нема да дозволи во иднина неговите велосипедисти да имаат брада. „Од естетски причини“, вели спортскиот директор на тимот – Валтер Планкерт.
„Ја воведов оваа мерка во име на елеганцијата на велосипедизмот. Ние сме тим велосипедисти, а не моторџии или рагби тим. Плунка и остатоци од храна во брадата на тркачите за време на трка – тоа е одвратно“, пишува Планкерт за Het Nieuvsblad.
Да бидеме попрецизни, Планкерт не е против брада од неколку дена. Ама не дозволува долга, права, бујна, негувана брада. Возачите, пак, што нема да прифатат да се придржуваат до ова правило ќе мораат да си бараат нов тим.