Белгиска чоколада – нов настрадан во битката со ИСИС

Дезире Либерт, маркетинг менаџер на белгиската компанија за чоколадо – Italo Suisse, очигледно не бил запознат со постоењето на исламистичката ИСИС. Барем не до минатата година, кога тој го промени името на компанијата во ISIS, што за несреќа се поклопува со акронимот кој се користи за терористичката група „Исламска држава“. Претходното име на компанијата беше Italo Suisse, а како таква постоеше дури од 1923-тата, алудирајќи на европските традиции во правењето на чоколадо што произведувачот успешно ги пренесува во Белгија. Новото име ќе гласи Libeert, според презимето на семејството што е сопственик и раководи со компанијата.

isischocolates[1]

„Да знаевме дека постои терористичка организација со истото име, никогаш немаше да го избереме“, вели Либерт за Ројтерс.

На нивниот официјален сајт сеуште стои старото име, но дури и тоа да се смени, невозможно е да се избришат сите докази за постоењето на чоколадите под брендот ISIS (не дека е потребно).

B0O8kZUCMAE-lwT[1]

Производителот на чоколадо не е првиот што настрада откако злогласената група стана популарна во јавноста. Претходно, една апликација мораше да биде преименувана во Softcard. Исто така, кратенката често се користеше и во популарната ТВ серија „Archer“, како акроним за International Secret Intelligence Service. „Нема повеќе да спомнуваме ИСИС. Тоа е ужасно нешто и не сакаме да имаме ништо со него“, вели Мет Томпсон, дел од екипата на серијата.

- Реклама -