Прекрасен освежителен пијалок… Да се потсетиме на летото во овие ладни зимски денови.
Состојки за 5 личности
– 1 литар бело вино
– овошје по избор: лимон, киви, праски, портокал, ананас…
– 2 лажици шеќер
– коцки мраз
Подготовка
1. Овошјето исечете го на мали парчиња во поголем бокал и посипете го шеќерот за да пуштат сок, а потоа додадете го белото вино и оставете да отстои 1-2 часа во фрижидер.
2. Пред сервирање додадете коцки мраз.