Квалитетот и убавината на шведската архитектура се општо познати, но сепак секој внатрешен дизајн кој доаѓа од овие географски широчини, продолжува да не восхитува.
Оваа мала куќа зафаќа вкупна површина од 57 квадратни метри, и може да биде откриена во шведските шуми.
Таа е еден навистина неверојатен еднокатен стан со многу чист и елегантен стил.
Изградена е во 1975 година, но е ремоделирана неодамна и вклучува две спални и една бања.
Погледот, кој ѕирка низ прозорците од куќата е релаксирачки, а каминот создава пријатна атмосфера, идеална за моменти на опуштање.
Внатре во куќата белата внатрешност е комбинација на топли земски бои, а изгледот на дневната соба е исполнување на соништата.
Кујната е декорирана едноставно, но на современ начин, а системот на осветлување е одлично прилагоден како за процесот на готвење, така и за романтична и опуштена атмосфера за време на вечера.
Сè на сè, целата куќа изгледа совршено и ќе биде вистинско задоволство за секого да помине во неа неколку дена.