Редок бел кит забележан во близина на Свалбард, Норвешка (видео)

Бел кит привлекол внимание откако бил забележан меѓу група китови. Ден Фишер, поморски инженер од Британија, бил на брод во близина на Свалбард во Норвешка кога забележал огромна бела грбка како излегува од водата.

Тој набрзо сфатил дека гледа во една од најретките глетки во природата – бел кит како оној од романот Моби Дик на Херман Мелвил. Китот најверојатно страда од генетски проблем познат како лусизам, кој предизвикува недостиг на пигмент во кожата. Господин Фишер, кој потекнува од Пенифорд во северен Велс, изјавил: „Кога ја забележав белата грбка бев збунет, но набрзо сфатив дека се работи за бел кит.“

„Брзо се качив на еден од јарболите за да можам да го видам подобро и ги направив овие фотографии. Потоа почнавме да зборуваме на бродот и решивме да го именуваме Willow the white whale.“ Фишер, кој работел на бродови во последниве 10 години, вели дека никогаш претходно не видел вакво нешто.

Тој додал: „Кого и да му кажам не ми верува додека не му покажам фотографии. Дефинитивно ова беше настан кој се случува еднаш во животот. Видов многу грбави китови оваа година но ни еден од нив не беше олку спектакуларен.“

Романот на Мелвил ја раскажува приказната за морнарот Ишмаел и неговото патување под команда на Капетанот Ахаб. Ишмаел брзо дознава дека Ахаб има само една животна цел – да го улови Моби Дик, крволочен бел кит кој во минатато му уништил брод и му ја одгризал ногата во близина на Јапонија.

- Реклама -