Бектеши до Милошоски: Антонио, твоето време одамна помина, за личност каква што си ти воопшто не би требало да има место на политичката сцена

„’Политичар’ каков што е Антонио Милошoвски кој ништо ама баш ништо нема допринесено за оваа држава, освен поделба, национализам и омраза, ниту пак ѝ дал на Македонија нешто вредно што треба да се памети, единствено по што ќе остане запаметен во времето е кога за него Албанците не требаше да имаат образование, уште помалку високо образование“, напиша на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ, по денешниот инцидент во Собранието во кој во главна улога беше неговиот сопартиец – претседателот на комисијата за европски прашања Арбер Адеми.

Откако од СДСМ, во реакцијата по повод инцидентот, оценија дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која создава тензии во парламентот и денеска се обидела да предизвика физичка пресметка, и го посочија Милошоски како главен иницијатор, и Бектеши се чини го дели тој став.

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности

„Антонио, твоето време одамна помина. За личност каква што си ти, во држава која е членка на НАТО воопшто не би требало да има место на политичката сцена“, напиша Бектеши на Фејсбук, и тоа на официјалниот профил кој го користи и како министер за економија.

- Реклама -