Бектеши: Личен интерес ни е да одиме на избори, но на државата ѝ треба стабилност и да се завршат некои крупни работи

Министерот за економија – Крешник Бектеши, во вечерашното гостување во Телма телевизија, ја коментираше информацијата што ја објави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски – дека има ново ново парламентарно мнозинство.

„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, треба да се изгласа во Собранието доколку ги имаат бројките. Ние кажавме дека ако ги гледаме бројките, наш личен интерес е да одиме на избори бидејќи моментално би добиле 18 пратеници. Но, во моментов на државата ѝ треба стабилност, треба да се завршат некои крупни работи, како спорот со Бугарија, да се продолжи европскиот пат и ДУИ нема да направи никакви отстапки од евроинтеграциите на нашата држава“, рече Бектеши.

МИА

- Реклама -