И Бектеши ли бојкотира енергетски форум поради Косово зашто е Европеец?

Чии интереси бранат македонските министри кои бојкотираат меѓународни собири поради неприсуство на друга држава (Косово) и зошто министерот за економија Крешник Бектеши одбива да ја претставува Македонија на енергетскиот форум во Молдавија, само затоа што не е поканета косовската делегација?, прашува „Канал 5“.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, се работи не за владина, туку за лична одлука на Бектеши. Според дел од експертите, министрите имаат право на таква, но потегот на Бектеши го оценуваат како предизборен маркетинг.

Од друга страна, одлуката на Бектеши не е прва од ваков вид, потсетува „Канал 5“. Во февруари 2018-та и вицепремиерот Бујар Османи ја бојкотираше конференцијата за земјите од Западен Балкан во БиX, впрочем како што направи и екс-министерот за надворешни работи на Албанија – Дитмир Бушати. Тогаш Османи се правдаше дека не постапува спpoтивно на државните интepecи и дека одлуката ја донел како Европеец, а не како Албанец.

И Бектеши ли е мотивиран од европската солидapност? Од „Канал 5“ не добиле одговор од министерот за причините за неговата одлука. Сепак, во писмото од Министерството за економија испратено во негово име до организаторите од Молдавија, се вели следново:

„Енергетската комисија беше создадена во 2006 со мисија да се прошири внатрешниот енергетски пазар на ЕУ кон Југоисточна Европа и подалеку, со цел да се исполни највисоката визија за создавање на интегриран паневропски енергетски пазар.

За време на претседателството на Северна Македонија во 2018-та, работевме многу посветено со цел да воспоставиме принцип на носење одлуки со консензус и да промовираме соработка помеѓу сите договорни страни кон постигнување на најдобрите можни резултати во исполнувањето на нашите должности кон Договорот, Европската унија и нашите граѓани.

Сметаме дека отсуството на една од договорните страни во највисокото одлучувачко тело како Министерскиот совет, поради бариери поставени од друга договорна страна, не ја поддржува визијата и мисијата поради која Енергетската заедница беше формирана пред 13 години“.

 

- Реклама -