Викторија Бекам е причината поради која фамилијата најверојанто се враќа назад во Англија.
Ултра-амбициозната модна дизајнерка и мајка на четири деца Викторија, ја размислува можноста за промена на домот се со цел поуспешно менаџирање на нејзиниот бизнис. Имено, нејзиниот бренд има голем успех на островот, и менаџирањето од Америка може да ја забави во работата.
Можноста се укажа одкако договорот на Бекам со ЛА Галакси заврши. Сите се среќни бидејќи се враќаат назад во Англија, но момчињата се пожалиле дека ќе им недостасуваат другарите во ЛА.
Во меѓувреме, Бекам сеуште нема одлучено во кој клуб би ја продолжил кариерата.