Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, смета дека нерешениот резултат против Барселона е реален.
ПСЖ со погодок во последните секунди од натпреварот дојде до реми против Барселона, Каталонците на два пати водеа, но не успеаа да победат.
Барса имаше повеќе од играта, ПСЖ имаше повеќе шанси, се чини дека нерешениот е фер резултат.
Така сме и Дејвид Бекам кој беше стартер за ПСЖ и имаше сосема солиден настап.
„Мислам дека заслуживме реми вечерва” – изјави Бекам за ITV.
„Имавме неколку добри шанси во првото полувреме, но потоа тие постигнаа гол и се променија работите”.
„Барселона имаше посед и секогаш е тоа така, но мислам дека заслуживме реми”.
„Ќе биде тешко да се пласираме во полуфиналето. Но нема причина зошто да не можеме да отидеме таму и да дојдеме до потребниот резултат”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.