Како заштитно лице за долната облека на брендот „H&M“, Бекам отиде еден чекор подалеку со промоцијата, па некои од новите модели им ги претстави на неговите „Фејсбук“ фанови.
Популарниот фудбалер објави две нови фотографии на кои не само што ги покажува новите модели од колекцијата, туку и неговото совршено обликувано тело и бројните тетоважи.
Меѓутоа, ова не е се, бидејќи Бекам најави нови фотографии до крајот на неделата, секако, во долна облека. Со оглед на тоа што фотографиите за кусо време достигнаа повеќе од 300 000 „лајкови“, нема сомнеж дека фудбалерот и понатаму е на врвот на славата.