Двете се слаби, присутни на сите модни недели и многу ретко се смеат. Но, ова не се единствените заеднички работи на модните икони Викторија Бекам и Ана Винтур.
И покрај разликата од 25 години, поранешната пејачка и уредничката на американското издание на магазинот Vogue се многу добри пријателки.
Но, Викторија очајнички се обидува да биде иста како Винтур, што се однесува до стилот, која наводно била инспирација за ликот на Мерил Стрип во филмот „Ѓаволот носи Прада“.
Издвоивме неколку модни комбинации на Викторија Бекам што ги „украла“ од Винтур.