Иако се уште нема ниту две години, сепак, се чини дека Харпер одлично ја разбира смислата за хумор на нејзиниот татко Дејвид Бекам. Славниот 37-годишен фудбалер го искористи сончевиот ден за заедничка прошетка со неговата мала ќеркичка по улиците на Лондон. Неодоливата убавица изгледаше како вистинска принцеза во белото фустанче и жолтиот џемпер додека нејзиниот татко гордо ја носеше во рацете.