BEI THE FISH со концерт ја завршуваат својата музичка кариера

Еден од најкреативните и најиновативните македонски бендови, Беј д Фиш, на 12ти Април со почеток во 22часот, ќе ја завршат својата 12 годишна кариера, со последен концерт во Сити Хол Центар.

Сите присутни ќе имаат можност за последен пат да уживаат во концертот на еден од највлијателните бендови на Македонската музичка сценa. Бенд кој зад себе има оставено 5 студиски албуми и безброј извонредни настапи во Републикава и Регионот.

bei the fish_4

Причините кои стојат зад оваа одлука на бендот, ќе бидат соопштени на самиот концерт како и низ најавените интервјуа кои ќе се појават во следниот период.

Уникатниот стил на Беј д Фиш кој беше граден низ годините, изроди хит-теми како: „When he was young“, „French cheese“, „True story“, „Livin in a box“, „Ideal woman“, “Instant generation”.

Прочитајте и:  Kонцерт на Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“ Филхармонија

bei the fish_3

Атмосферата пред концертот со диџеј-сет ќе ја загрее Лепи Џони (The John).

Картите ќе бидат пуштени во претпродажба од 28ми Март по промотивна цена од 200МКД во Сити Хол Центар, Custom Pub, Љубов и Happy cafe.

bei the fish_2

- Реклама -