Бегалците си одат од Финска, ладно и досадно

Хелсинки: Стотина бегалци, повеќето од Ирак, кои низ Европа успеаја да стасаат до Финска се враќаат бидејќи, како што пренесува ФрансПрес, земјата е студена и досадна. 

Part-DV-DV2130540-1-1-0

„Можам да му порачам на целиот свет дека ја мразам Финска. Нема ресторани,барови, нема никој по улиците, единствено коли“, вели еден од бегалците кој патувал 750 км до Финска па уште толку назад до преминот Торнио
кон Шведска. Мигрантите кои ја немаат соодветната документација не можат да корисат траектна линија помеѓу Хелсинки и Стокхолм.
Во последно време, мигрантите во Шведска влегуваат преку Хапаранда-Торнио.
Бегалците сè почесто се враќаат од Финска во Шветска, бидејќи, како што велат тие, во Шведска има многу повеќе бегалски заедници и подолга традиција на нивната интеграција.

- Реклама -